Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар, до Основното јавно обвинителство Гостивар, поднесе кривична пријава против Ј.Ј.(43) од Тетово поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „измама“.
Пријавениот Ј.Ј. се сомничи дека на почетокот на април годинава, со цел да прибави имотна корист, го довел во заблуда 58-годишниот Џ.С. од гостиварска Долна Бањица и го убедил дека ќе му обезбеди документи со кои ќе може да се стекне со дозвола за работа во Германија.
Притоа, осомничениот во неколку наврати на Џ.С. му наплатил вкупно 7.700 евра, за што потпишал и изјава во која била наведена сумата и роковите за исполнување на неговите обврски.
Судија во претходна постапка на Основниот суд Гостивар на Ј.Ј. му определил мерка притвор од осум дена.