Тетовец со шест убоди со нож се обидел да си ја убие сопругата, во саботата во семејната куќа во Тетово. СВР Тетово против А.Б.(49) поднесе кривична пријава за убиство во обид.
Според полицијата, крвавиот инцидент се случил во саботата околу 7 часот утрото. На нападот му претходела расправија меѓу А.Б. и В.М. (49) од Тетово, со која живеел во вонбрачна заедница. Во еден момент мажот со нож ја пробол сопругата.
По инцидентот жената била пренесена во Клинички центар Тетово каде и биле констатирани шест убодни рани во пределот на градите, вратот, грбот и дланките. Поради сериозноста на повредите, жената била пренесена во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Еден час подоцна А.Б. сам се пријавил во ПС Тетово и го пријавил случајот.