Тетовец со „БМВ“ удри во полициско возило, и тој и полицајците завршија во болница

510

Три лица, од кои двајца полицајци, се повредени утрово во сообраќајна несреќа што се случила во 5.20 часот на обиколницата во близина на клучката Радишани.

Според првичните информации добиени од МВР, лицето З.П. (1989) од Тетово, управувајќи моторно возило „БМВ“, удрило во автомобил „Шкода Јети“ во кој биле двајца полициски службеници.

Полицајците се здобиле со повреди и се пренесени во комплексот клиники „Мајка Тереза“, а возачот во Универзитетската клиника по хируршки болести „Св. Наум Охридски“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...