Во тетовската Полициска станица вчера било пријавено дека во селото Селце се случила несреќа во која било повредено 5-годишно дете.
Како што е наведено во полицискиот билтен, при паркирање на автомобилот во дворот од куќата, дедото Ш.Г. го прегазил својот внук. Детето се здобило со тешки телесни повреди и веднаш било пренесено во Комплекс клиниките „Мајка Тереза“ во Скопје.
Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Тетово.