СВР Тетово поднесе кривична пријава против И. И. (38) од село Теново, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“. На 14.06.2019 на бензинска пумпа во село Лешок, тетовско, пријавениот, при вербална расправија со Б. Б., се заканувал со пиштол.