Тетовец дома си направил цел бункер со оружје

1152

Полицијата, во село Брвеница–Тетовско со наредба од судија на претходна постапка од Основниот суд Тетово, извршила претрес во стан и други простории кај 52-годиниот Ѓ.С.

Притоа биле пронајдени: еден пиштол марка „зброевка“ со калибар 7,65мм и еден сандак од муниција во кој имало пет мини и две рачни бомби. Известен е јавен обвинител. По завршување на претресот Ѓ.С. е лишен од слобода.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...