Извори од албанското обвинителството известиле дека во тековната афера со отуѓување на имот во соседната земја, вклучени се и функционери од Македонија, кои со финансиските средства кои ги стекнале со корупција купиле недвижен имот на албанскиот брег, пренесува Тетова Сот.
Судот во Драч, пренесува порталот, денеска ја преиспитуваше одлуката, при што за дел од приведените и ја потврди одлуката од пред два дена за определување на притвор за 20 лица вклучени во скандалот за отуѓување на земјиштето во областа на заливот Лалез во соседна Албанија.
Меѓу приведените се поранешениот директор на катастарот и поранешниот градоначалник на општината Ишми. Поранешни службеници во Катастарот во Драч и други лица биле вклучени во отуѓување на голема површина на земјиште во заливот Лалез. Рочиштето за преиспитување на нивните мерки на претпазливост се одржаа под бројни полициски сили.
ФОТО: EPA/MALTON DIBRA