„Тетекс“ од Тетово кој неодамна го затвори својот последен производствен погон ќе подели дивиденда на своите акционери во вкупен износ од 29.912.672 денари (486,384 евра). Износот треба да го потврди Собранието на акционери закажано за 7 април.
Според предлог одлуката објавена на Македонска берза, за распределба на дивидендата ќе се користи дел од добивката на друштвото за 2019 година во износ од 29.912.672 денари.
„Висината на дивидендата бруто по акција ќе изнесува 2,33% од номиналната вредност, односно 72,223 денари бруто по акција. Последен ден на тргување со право на дивиденда е 21.04.2020 година. Дата на стекнување на право на дивиденда е 23.04.2020 година“, се наведува во соопштението.
Акционерите на „Тетекс“ треба да го одобрат и извештајот од финансиското работење на компанијата во 2019 година , но и да избере неизвршен член на Одбор на директори и да назначи независен член.
На седницата е и планот за работа на „Тетекс“ за годинава.
Лани компанијата остварила вкупни приходи од 273.022.089 денари, а птрошила 238.845.998 денари Тетекс лани остварил вкупна сеопфатна добивка од 35.374.130 денари.
Најголем акционер на „Тетекс“е Глигорие Гоговски долгогодишен прв човек на таа компанија.Тој поседува поседува 12,76 отсто од акциите односно околу 52.850 акции со право на глас.
Освен Гоговски, според официјалната евиденција на ЦДХВ, таму акции поседуваат 1.156 домашни физички лица. Тие поседуваат 80,6 отсто од акциите.
Лани компанијата подели вкупно 950.770 евра дивиденда.