Кралицата многу вознемирена, четири часа разговарала со принцот Хари

Британската кралица Елизабета Втора и наскоро поранешниот принц Хари поминале четири часа на ручек во неделата.

1086

По четиричасовниот разговор, принцот Хари и кралицата се смириле. Доколку Хари некогаш сака повторно да биде дел од кралството, вратата му е широко отворена.

Британската кралица Елизабета Втора и наскоро поранешниот принц Хари поминале четири часа на ручек во неделата, а разговарале за завршувањето на должностите кои тој ги има со својата сопруга Меган Маркл.

Помеѓу кралицата и Хари повторно се интензивираше напнатоста откако на Хари и Меган им беше забрането да се брендираат како кралска двојка по нивното отстапување од семејството. Јавното соопштение што го издаде двојката по оваа забрана ја налути кралицата, која не можеше да верува колку нејзиниот внук го посрамотил семејството, пренесува „Космополитан“.

Кралицата сакала на ручекот да најде компромисно решение за идните планови и го завршила разговорот кажувајќи му на Хари дека многу го сака и дека секогаш е добредојден доколку сака да ги врати кралските должности, наведува „Дејли мејл“.

Извор близок до семејството изјавил дека кралицата е „вознемирена“ пораид одлуката на внукот да се пресели во Америка зашто тоа ќе го спречи честото гледање на правнукот Арчи. Изворот додава дека кралицата била многу јасна кога му рекла на Хари оти во секој момент може да се врати во Англија со своето семејство и повторно да ги преземе кралските обврска.

Меган Маркл ќе оди во Лондон за со Хари да ги завршат своите финални обврски како кралски пар. Хари и Меган ќе им се придружат на Вилијам и Кејт, како и кралицата, Чарлс и Камил на прославата на Денот на Комонвелтот. Ова ќе биде можеби последна дожност како кралски пар, но и прво јавно појавување откако објавија дека ќе отстапат од кралското семејство, познато како Мегзит.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...