Тесла камион снимен без возач на автопат

426

Пред извесно време на интернет се појави снимка од магистрала во Калифорнија, каде што, се чини, прототип на електрокамионот на компанијата Тесла, „семи“ се движи без возач зад воланот.

Можно е, сепак, тој впечаток да е резултат на случаен одраз во предното стакло, којшто создал оптичка илузија. Всушност, возачот најверојатно си е на место.

Доколку, сепак, од „Тесла” на автопатот извадиле самоуправувачки камион без возач, тоа би значело сериозни проблеми за компанијата, во смисла на казни и можна забрана за патни тестови на самоуправувачките системи.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...