Терористот кој во Лиеж уби две полицајки и минувач извршил уште едно убиство ден пред нападот, пишува ББЦ.
Од Министерството за внатрешни работи изјавиле дека напаѓачот Бенџамин Херман ноќта пред нападот во Лиеж убил поранешен затвореник кој го запознал во затвор.
Според извештајот, Херман 30-годишниот дилер го убил со повеќекратни удари со чекан. Двете полицајки кои ги уби наредниот ден идентификувани се како Сораја Белкасеми и Лусил Гарсија.
Третата жртва е студент. Обвинителите изјавиле дека случајот го водат како „терористичко убиство“.
Пред да го убие полицијата, Херман во блиското училиште ја заробил хигиеничарката, која за белгиските медиуми изјавила дека упаднал во училиштето ѝ и поставил две прашања, дали е муслиманка и дали го почитува рамазан. Откако му потврдила, и рекол дека нема да ја повреди.
Службени лица изјавиле дека напаѓачот при нападот неколку пати извикал Алаху Акбар. Тој во понеделникот привремено бил пуштен од затвор каде бил поради кражба и прекршоци во врска со дрога.