Еден од терористите кој го изврши нападот во џамии во новозеландскиот град Крастчрч објавил видео во живо на Фејсбук. Клипот е маркиран за време на нападот, објави „Вашингтон тајмс“.
Во 17-минутното видео се покажува напаѓачот Брентон Тарант, кој излегува од автомобилот, зема оружје од багажникот, го извршува нападот и се враќа во автомобилот.
На Твитер се појавила снимка од оружјето кое е пронајдено кај Тарант. На него имало натписи на германски, бугарски, руски и српски.