Тепачка на црногорски бизнисмени во авион на „Монтенегро ерлајнс“

493

Двајца црногорски бизнисмени се степале во авион на „Монтенегро ерлајнс“, кој летал од Белград до Подгорица.

Тепачката се случила во бизнис класата на авионот на националната авио-компанија, по што персоналот ги сместил на различни делови во авионот.

Тепачката не била пријавена во полиција.

Од компанијата „Монтенегро ерлајс“ нема известување за инцидентот.

Авионот на нивната компанија слетал на подгоричкиот аеродром синоќа околу 20 часот и 10 минути.

Еден од бизнисмените е сопственик на компанијата „Нормал компани“.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...