Тепачка меѓу малолетници во Струга

198

На улицата „Пролетерски бригади“ во Струга вчера имало тепачка меѓу малолетници, со што бил нарушен јавниот ред и мир.

СВР Охрид соопшти дека еден малолетник бил физички нападнат од едно лице, а потоа се вклучиле и другите од групата.

-Причина за нападот е што во 9 часот и 10 минути во претходна расправија било искршено стакло на паркирано патничко моторно возило „мерцедес“, за што оштетениот бил повикан кај директорот на средното училиште „Ибрахим Темо” и го посочил напаѓачот како сторител на оштетувањето, стои во информацијата.

Според соопштението, физички било нападнато и лице кое се обидело да ги раздвои.

Полициската станица од Струга презема мерки за расчистување на случајот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...