Додека сите места предвидени за студенти на психологија се пополнети, па дури има и нерангирани, по конечните резултати од првиот уписен ток, нема ниту еден студент заинтересиран да изучува класична филологија, старогрчки јазик и античка книжевност, како и латински јазик.
Зошто младите не сакаат да ги изучуваат овие области на Филозофскиот факултет на УКИМ во Скопје, разговаравме со деканот, Ратко Дуев.
– Генерално падот е со хуманистичките науки, филологиите се во пад, а особено класичните, тие што изучуваат стари јазици и проучуваат античка култура. Не само филологиите, ами генерално и другите науки како филозофија, историја, историја на уметноста – рече Дуев за Плусинфо.
Го прашавме дали Факултетот има во план да направи нешто со што ќе ги стимулира идните студенти да се запишат на овие струки.
– Сега ни се малку врзани рацете, но во план ни е на некој начин да даваме стипендии за најдобрите студенти што ќе победат на државните натпревари за филозофија и слично – одговори деканот.
За разлика од овие три насоки, психологија, безбедност, одбрана и мир, како и социјална работа и социјална политика, но и специјална едукација и рехабилитација се навистина барани. Со крајот на првиот уписен рок, пополнети се сите места за студенти на некои од нив.
– Во последните 10 години се менува, но овие се меѓу најбараните, своевремено социјална работа имаше најмногу интерес, сега е психологија, безбедност веднаш до нив. За општествените науки има интерес – дециден е Дуев.
Тој појасни дека професорите кои треба да предаваат на трите насоки за кои нема заинтересиран ниту еден студент, барем во првиот уписен рок, не остануваат без работа.
– Имаме група предмети коишто може да ги бираат сите студенти од УКИМ, така што секој професор си има предмет кој го предава на други институти, други студиски програми, на други групи. Професорите имаат работа, не е дека се останати без работа – додаде Дуев.
Еве колку слободни места имало на Филозофскиот факултет според Конкурсот:
Според конечните резултати од првиот уписен рок:
Андрагогија (државна квота) – 9 студенти
Археологија (државна квота) – 2
Безбедност, одбрана и мир (општа) – вонредни – 10
Безбедност, одбрана и мир (општа) – нерангиран 1
Безбедност, одбрана и мир (општа) – приватна квота – 14
Безбедност, одбрана и мир (општа) – припадници на безбедносни сили – 1
Безбедност, одбрана и мир (општа) – специјални услови – 2
Безбедност, одбрана и мир (општа) – државна квота – 40
Историја – државна квота – 15
Историја со архивистика – државна квота – 2
Историја на уметноста – државна квота – 5
Меѓународни и интеркултурни студии – државна квота – 10
Меѓународни и интеркултурни студии – приватна квота – 1
Педагогија – вонредни – 3
Педагогија – државна квота – 20
Педагогија – приватна квота – 15
Приватна и корпоративна безбедност – државна квота – 7
Психологија – државна квота – 30
Психологија – националисти – 17
Психологија – нерангирани – 9
Психологија – приватна квота – 50
Психологија – факултетско образование – 1
Родови студии (државна квота) – 13
Специјална едукација и рехабилитација – факултетско образование – 1
Специјална едукација и рехабилитација (приватна квота) – 30
Специјална едукација и рехабилитација – нерангирани – 1
Специјална едукација и рехабилитација (државна квота) – 20
Специјална едукација и рехабилитација – вонредни – 4
Социологија (државна квота) – 15
Социјална работа и социјална политика – факултетско обраозвание – 1
Социјална работа и социјална политика – специјални услови – 1
Социјална работа и социјална политика (приватна квота) – 30
Социјална работа и социјална политика (нерангирани) – 1
Социјална работа и социјална политика (државна квота) – 20
Социјална работа и социјална политика (вонредни) – 2
Семејни студии (приватна квота) – 7
Семејни студии (државна квота) – 20
Филозофија (државна квота) – 15
Конечната листа на примени студенти од првиот уписен рок на Филозофскиот факултет, може да ја погледнете тука.