Тепачка за ратрак на Попова Шапка, a хрватски државјанин и навредувал странци

Според пријавеното, во тој момент од него излегол сопственикот на таа фирма, Т.Т.(49) од Хрватска, со регулиран привремен престој во Тетово, се качил на неговиот ратрак и почнал да ги навредува патниците – странски државјани и барал од нив да не се возат со ратракот на М.С..

1103

М.С., косопственик на фирма од Тетово, завчера  околу 16:00 часот во СВР Тетово пријавил дека кај место викано „Вакуф“, во планинскиот предел на Попова Шапка, додека со ратрак превезувал патници по планинскиот предел, бил пресретнат од друг ратрак, сопственост на фирма од Скопје. Според пријавеното, во тој момент од него излегол сопственикот на таа фирма, Т.Т.(49) од Хрватска, со регулиран привремен престој во Тетово, се качил на неговиот ратрак и почнал да ги навредува патниците – странски државјани и барал од нив да не се возат со ратракот на М.С., по што заминал. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...