Во автобус број 57 на ЈСП еден час по полноќ се истепале тројца патници. По претходна меѓусебна расправија, физичка се пресметасле Е.К.(31) и Б.Р.(30), двајцата од Скопје, од една страна и А.Е.(20) од Скопје од друга страна.
Сочинети записници за констатиран прекршок по член 11 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.