Никлас Бендтнер доби 50 дена затвор за тоа што му удри бокс на таксист во Копенхаген пред два месеци, адвокатот на фудбалерот е незадоволен од пресудата и поднесе жалба.
Поранешниот играч на Арсенал во септември беше инволвиран во инцидент по кој еден таксист заврши со скршена вилица.
Денеска пред судот во Копенхаген беа обелодени три снимки од настанот, на една се гледа како Никлас Бендтнер му удира бокс на таксистот. Обвинителството бараше три месеци затвор додека пак адвокатите на напаѓачот условна казна и општествено корисна работа.
На крајот судот се реши за затворска казна од 50 дена. „Лордот“ сепак нема веднаш да заврши зад решетки, неговиот адвокат откри дека однеле жалба.
Фото: EPA/MARTIN SYLVEST