Теодоракис: Го следиме националниот, а не партискиот компас и го поддржавме договорот

238

Парламентот денеска донесе одлука што им служи на интересите на Грците и ја зајакнува безбедноста во регионот, рече лидерот на партијата Река, Ставрос Теодоракис по ратификацијата на Договорот од Преспа, јави дописничката на МИА од Атина.

Теодоракис, заедно со двајца негови сопартијци, кои поради распаднатата пратеничка група на Река станаа независни пратеници гласаа „за“ ратификацијата на Договорот од Преспа.

-Река, имајќи го како водич националниот, а не политичкиот компас го поддржа Договорот од Преспа кој ја крши монополизацијата на „Македонија“ од соседната земја. Грчката Македонија нема од што да се плаши. Напротив, во наши раце е да остане примарна сила во економијата, производството, во  културата. Нашето геополитички чувствително соседство има потреба од доверба и соработка. Континуирано да ги зајакнуваме оние работи што не обединуваат, а не оние кои не разделуваат. Ова беше и ќе остане голем залог на Балканот. Треба да го добиеме, рече Теодоракис.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...