Телевизијата 1ТВ најверојатно како тенденциозна ќе ја оквалификува оценката на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ), по редовниот програмски надзор над работењето на оваа телевизија, прв по нејзиниот старт.
Во изештајот на АВМУ од 23 ноември, се вели:
„Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги изврши редовен програмски надзор врз 1 ТВ, за повеќе одредби од ЗААВМУ. Надзорот покажа прекршување на забраната за пласирање производи во засебни аудиовизуелни целини со информативна функција и јасно означување на програмата со пласирани производи во засебни аудиовизуелни целини со забавна функција, прекршување на правилата за заштита на малолетната публика, и на обврските при обезбедување квизови и други облици за наградно учество. Прекршување е констатирано и на правилата за прикриено рекламирање, условите за рекламирање и телешопинг, како и на правилата за рекламирање на поделен екран”.
Извештајот кој може да се прочита ТУКА констатира 32 прекршоци за само 4 дена.