Телото на штипскиот пожникар предадено на обдукција

134
20160216 Tuesday pozar evn plostad zgrada

Причините за смртта на 57- годишниот штипски пожарникар Ѓорѓи Џонов, кој почина синоќа гасејќи пожар во населбата Автокоманда ќе се знаат по обдукцијата.

Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова вели дека настанот се случил околу 17 часот и 15 минути. Во гаснењето на пожарот на запален оџак во зграда во населбата Автокоманда на пожарникарот Џонов му се влошила здравствената состојба, при што паднал. Неговите колеги му ја дале потребната помош, но од страна на лекарите на Итнатата медицинска помош на местото на настанот е констатирана смрт.

Портпаролот на Клиничка Болница-Штип, Марина Шуманска потврдува дека синоќа од страна на екипа на Брзата помош е донесен починатиот, а на кого лекарите само констатирале смрт.

Од страна на јавен обвинител е наредено врз телото на починатиот да се изврши обдукција.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...