Телото на новинарот Кашоги било расечено на парчиња и скриено

1096
ФОТО: EPA-EFE /ALI HAIDER

Турските власти соопштија дека телото на новинарот на Вашингтон Пост, кој исчезна во конзулатот на Саудиска Арабија во Истанбул е расечено и скриено.

Новинарот Џамал Кашоги на 2 октовмри влезе во конзулатот во Истанбул и по тоа му се губи трагата. По вчерашната истрага на турската полиција во просториите на конзулатот било утврдено дека новинарот е убиен . Саудиска Арабија, по двонеделно негирање, призна дека Кашоги е убиен како резултат на ,,несреќно испитување” .

По девет часовната претрага на конзулатот неименувани турски извори за американските медиуми изјавиле дека новинарот е убиен во конзулатот и неговото тело е расечено на парчиња , а потоа скриено.

Денеска генералниот конзул на Саудиска Арабија ја напушти Турција.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, кој уште пред десет дена најави дека лично ќе се заложи во истрагта денеска изјави дека истражителите особено внимателно ги испитувале токсичниот и материјалот за префарбување во конзулатот.

Шефот на турската дипломатија Чавушоглу најави дека истрагата ќе се прошири и на резиденцијата на конзулот Мохамед Отаиби , како и на возилата . Тој Очекува американскиот државен секретар Помпео по посетата на Саудиска Арабија , да пристигне и во Турција.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...