Телма објави видео од изјава на градоначалникот Петре Шилегов во која тој вели дека со гасификацијата ќе се обезбеди почиста средина, а доколку градот Скопје ја добие на управување топловодната мрежа на тој начин ќе се помогне и на посиромашните граѓани.
Веднаш по оваа изјава, јавува Телма, Шилегов без да го дочека прашањето за организациите кои бараат акција за почист воздух му коментираше на уво на министерот Спасовски што мисли за прашањето.