Во малиот град Оцучи во јапонија 2.000 луѓе го изгубиле животот во цунамито кое се случило во 2011 година. Еден жител дошол на идеја во својата градина да постави телефонска говорница со исклучен телефон за да „разговара со мртвите“.
Тој изгубил роднина и тагувал по него. Тогаш ќе го свртел неговиот телефонски број и „разговарал“ со покојниот така што неговите зборови ги носел ветрот, пишува BBC.
По ударот на цунамито, кога се раширила веста за телефонот за тага, многу луѓе дошле во Оцучи да разговараат со тие кои ги изгубиле.