Тежок удар за Астон Вила

304

Голманот Том Хитон и напаѓачот Весли нема да играат до крајот на сезоната поради повреди, изјавија од Астон Вила. Двајцата се здобиле со идентични повреди на коленото, добиени при победата од 2:1 над Барнли во средата.

Весли беше привлечен од Бриж летово за 22 милиони фунти и стана рекордна скапа набавка за Вила. Тој има постигнато шест гола на 22 натпревари досега оваа сезона.

Хитон има 20 натпревари за Вила од неговиот трансфер од Барнли во текот на летото.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...