Гледаме како случајот „Поткуп“ или „Рекет“, сеедно, како се одолговлекува и со небитни докази во постапката се одвлекува вниманието на јавноста во сосема друг правец.
Јавноста и сите здравомислечки и слободоумни луѓе во државава, а и надвор од неа го поставуваат главното прашање: Каде завршиле милионите евра, спакувани во торбите „Луј Витон“ и други пари дадени од повеќе бизнисмени кои видовме во нивното сведочење дека му ги дале на Боки 13 и на неговиот Сојуз, а тие потоа ги извадиле од банка?
Каде завршиле милионите, кој колку земал и ако дел се потрошени каде каде се потрошени. Никој не може да ме убеди дека тоа е некоја тешка работа. Многу лесно се проверува тоа, ама треба да се има волја. А волја очигледно нема. Воопшто не верувам дека се работи за неспособност на обвинителот и на истражните органи.
Обвинителката Вилма Русковска добро го знае тоа, бидејќи без пронаоѓање на милионите кои се предмет во кривичното дело, всушност и нема кривично дело. Сите до еден треба да бидат ослободени.
Во спротивно, нејзиното обвинение, ако не сега, во блиска иднина ќе падне. Само така ќе покажеме дека сме правна држава и дека Законот подеднакво важи за сите. Никој невин да не одговара, а сите виновни да си ја добијат заслужената казна. Нели сите, па еве и јас се залагам за правна држава.