Тевдовски: Ќе отвориме нови и подобро платени работни места

965

Две последователни години растот на просечната нето плата е најголем во последните девет години, рече министерот за финансии Драган Тевдовски на трибината „Фер општество-шанса за сите“ во Битола.

Toj истакна дека во 2017 година најголем ефект дал растот на минималната плата, додека во 2018 година евидентен е растот на продуктивноста.

– Во декември 2018 просечната нето плата се приближи до 26.000 денари, таа е за 1.934 денари повисока во однос на декември 2017 година или за 8,1 насто повисока. Имаме две последователни години, односно 2017 и 2018 година, каде растот на платите е највисок во последните девет години. Во 2017 година најголем ефект даде минималната плата, додека во 2018 евидентен е растот на продуктивноста. Ја покачивме минималната плата, и го израмнивме прагот на минималецот за сите сектори. Како резултат на ова,  повеќе од 90.000 граѓани добиваат повисоки приходи. Во трудоинтензивните гранки како што е производство на облека, на текстил и кожарство, втора година по ред имаме двоцифрен процент на раст на платите – истакна Тевдовски.

Министерот за финансии посочи дека годинава има буџетирано рекордно ниво средства за активни мерки за вработување. Се јакнат капацитетите на работната сила и се усогласуваат со потребите на пазарот на труд.

Министерот истакна дека се предвидени и рекордни средства за поддршка на претпријатија во Буџетот за 2019 година, како и дека преку низа мерки Владата го поддржува бизнис секторот.

– Целта на Владата е да се отворат нови и подобро платени работни места кои ќе придонесат за подобар животен стандард на граѓаните – нагласи Тевдовски на трибината „Фер општество-шанса за сите“ во Битола

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...