Тевдовски трчаше со ултра-маратонецот Краси Георгиев низ Скопје (ФОТО)

Ултра-маратонот насловен #Поврзаност, се организира по идеја на бугарскиот европратеник д-р Андреј Ковачев и согласно политиката на Европската унија за Западниот Балкан за поврзување на инфраструктура, економии и луѓе. Настанот се одржува под покровителство на премиерите на трите земји - Зоран Заев, Бојко Борисов и Еди Рама.

523

Министерот за финансии Драган Тевдовски, придружен од градоначалникот на Скопје и атлетичарите од Атлетската федерација го поддржаа ултра – маратонецот Краси Георгиев кој денеска трчаше во Скопје, а ќе продолжи со трчање долж Коридорот 8. Трасата е долга 1000 км. и вклучува над 20 градови од Република Бугарија, Република Северна Македонија и Република Албанија.

Целта е да се испрати порака за поврзаност на економиите и граѓаните на трите земји преку спортот. Коридорот 8 ги поврзува Јадранското и Црното море, а поминува и низ Северна Македонија.

Ултра-маратонот насловен #Поврзаност, се организира по идеја на бугарскиот европратеник д-р Андреј Ковачев и согласно политиката на Европската унија за Западниот Балкан за поврзување на инфраструктура, економии и луѓе. Настанот се одржува под покровителство на премиерите на трите земји – Зоран Заев, Бојко Борисов и Еди Рама.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...