Верувам во политиките на премиерот Зоран Заев, а како министер за финансии целосно сум посветен на промените и реформите што се прават во Министерството за финансии, изјави министерот за финансии Драган Тевдовски.
– Досега се направени огромни чекори напред, земјата се движи во правилна насока и целосно ќе ги почитувам сите решенија на премиерот – рече Тевдовски запрашан за најавената реконструкција на Владата.