Шест полициски службенички вработени во МВР, повеќе од година дена биле изложени на сексуално вознемирување и полово дејствие со закани и континуирано психичко малтретирање, понижување и повредување на нивното достоинство со притисоци на работно место од страна на раководно полициско лице во полициска станица, објави ТВ24.
Случајот полициските службенички го пријавиле во МВР, дел од нив усно а дел и писмено се обратиле но крајниот исход и понатаму бил ист, продолжување на сексуалното вознемирување од страна на раководното лице.
Едната од полицајките се реши да проговори пред камера но со скриен идентитет бидејќи се плаши за нејзиниот професионален интегритет, го повика ОЈО и останатите надлежни институции да го расветлат случајот, јавува ТВ24.