Телевизијата Алсат М е добитник на наградата „Медиум промотор на новинарството како јавно добро“, која го носи името на прерано починатиот борец за слобода на изразување и експерт за медиуми – Роберто Беличанец, а која вечерва ја додели Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ).
ССНМ наградата ја доделува во партнерство со Македонскиот институт за медиуми, Институтот за комуникациски студии и Медиа дајверзити институтот од Лондон во рамки на проектот „Писменост за вести и дигитална писменост- Справување со лажните вести“, поддржан од Европската унија.