Твитот на Руската амбасада не се однесувал на Столтенберг, Меркел, Курц…

758

Веста „Руска амбасада: Што би било ако претставник на Москва сугерира за референдумот“ не се однесува на минатонеделните посети на генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, на канцеларите на Германија и на Австрија, Ангела Меркел и Себастијан Курц, на шефот на дипломатијата на Луксембрург Жан Аселборн и на американскиот сенатор Рон Џонсон.

Од Амбасадата на Русија за МИА укажуваат дека твитот се однесува на веста „Мета ги повика Албанците во Македонија да излезат на референдумот и да гласаат „за““, објавена на 28 август.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...