„Твитер“ масовно ги банира Бугарите

1202

Корисниците на социјалната мрежа „Твитер“ од Бугарија се пожалија на масовната блокада на профилите и криење на постовите, објави Russia Beyond.

Наведената мрежа почна строга модерација на твитовите на бугарски јазик, дури и кога тие немаат никаква врска со политиката или темите од општествено значење. Сопствениците на корисничките профили масовно добиваа известувања во кои се наведува дека ги кршеше интерните правила на сервисот.

Најверојатно „Твитер“ ги насочил своите алгоритми на потрага по „руски ботови“ бидејќи секое користење на кирилица за оваа социјална мрежа е сомнително. Како што наведува The Verge, блокадата ги допрела и жителите на други земји,

Банирањето на твитовите на бугарските корисници почна недела дена откако оваа социјална мрежа објави за строга модерација на твитовите на троловите и другите навредливи постови.

Претставниците на „Твитер“ изјавија дека планираат да ги преземат сите неопходни мерки заради отстранување на проблемот, меѓутоа, ќе продолжат, како што наведоа, да се борат против спамовите и ботовите.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...