Поп-ѕвездата на 90-тите години, Татјана Камерон Тајчи организирала луксузно крстосување на кое на клиентите им одржувала мотивациски говори и трансформативни предавања. Во текот на осумдневното крстосување по Јадран, клиентите ги посетувале хрватските градови, медитирале и уживале во далматинските деликатерси.
Но, на официјалната страница на својата програма на летување Тајчи открила и досега непознати, мошне шокантни детали од својот живот. Имено, пејачката тврди дека во малдоста била сексуално злоставувана.
„Како мајка на тројца синови и креативна претприемачка, секојдневно се справувам со многу стрес. Низ животот се справував и со некои навистина големи работи: ги изгубив сопругот и таткото поради ракот, со години се борев со депресијата и анксиозноста, како тинејџерка доживеав сексуално злоставување и се борев повторно да се засакам себеси и да си ја вратам самодовербата“, напишала Тајчи.
FOTO: Instagram/Printskrin
FOTO: Skrinsot/Jutjub