Тајфунот во Јапонија зеде 23 лица, владата ја распоредува војската

78
ФОТО: Принтскрин / Јутјуб

Јапонија распореди десетици илјадници војници и спасувачи, откако беше погодена од една од најсилните бури во последните години, во која досега загинаа 23 лица.

Тајфунот Хагибис предизвика бројни лизгања на земјиште јужно од Токио, а потоа се префрли на север и доведе до поплави. Јавниот сервис НХК објави дека 13 лица се пријавени како исчезнати.

Во Нагано, водата ги поплави и јапонските возови, па луѓето беа извлекувани со хеликоптери.

Ангажирани се 27.000 припадници на војската и спасувачките служби, соопштија јапонските власти.

– Владата ќе стори сé што е во нејзина моќ – рече премиерот Шинѕо Абе, ветувајќи дека ќе ангажира повеќе луѓе ако има потреба.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...