Принцезата Дајана се омажи за принцот Чарлс на 29 јули 1981 година, а веќе следната година го роди својот прв син, принцот Вилијам. Принцот Хари го добија во 1984 година.
Иако почина пред повеќе од 20 години, и понатаму за нејзиниот живот често се полемизира. Така, во странските медиуми се појавија информации дека во текот на втората бременост, принцезата Дајана знаела дека носи момче, за што Чарлс немал поим. Принцот, според наводите на медиумите, многу сакал девојче, па Дајана не му рекла дека ќе добие и втор син.
– Таа на ултразвук видела дека ќе добие момче. Чарлс сакаше две деца, момче и девојче, така што Дајана не му рекла за вториот син. Многу се разочарал кога Хари пристигнал на свет, а разочараноста воопшто не ја криел – рекла кралскиот биограф Ендру Мортон.
Наводно Чарлс бил разочаран и поради фактот што бебето има црвена коса, а се наведува дека тој ѝ се пожалил и на мајката на Дајана на денот на крштевањето на Хари дека очајно посакувал женско дете.