Тачи ќе го чита преведеното обвинение, ќе се суди и по крајот на работното време

385

Мендух Тачи и Бедредин Ибраими го добија преведено на албански јазик обвинението за предметот „Титаник 2“, па судот им даде време до 15 часот да го прочитаат, по што се очекува конечно да почне главната расправа за овој случај.

Поради двете паузи се уште не почна главната расправа, обвинителката Фатиме Фетаи треба да ги даде воведените говори, па се очекува тоа да се случи во продолжение на денешното рочиште кое најверојатно ќе трае и по завршувањето на работното време на судот.

Инаку, Тачи регираше до судијата и дека поканата ја добил на македонски јазик.
Во случајот „Титаник 2“обвинети се поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, лидерот на ДПА Мендух Тачи, како и поранешните членови на ДИК Бедредин Ибраими, Анета Стефановска, Влатко Сајковски и Сашо Срцев.

Според „бомбите“ што ги објави СДСМ, а кои се прифатени како докази во судската постапка, Мијалков и Тачи се договарале за гласање на членови на ДИК во однос на поднесени приговори.

Минатото рочиште беше одложено бидејќи беше прочистен текстот на обвинението. Во него имаше и дел за петмината судии од Управниот суд, но бидејќи судот го одби обвинителниот акт против нив, од СЈО го тргнаа делот за управните судии. Поради ваквите промени, одбраната тогаш побара одложување на рочиштето за да може да го разгледа прочистениот текст на обвинението.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...