Лидерот на ДПА, Мендух Тачи во гостување на телевизијата 21 рече дека чувствува оти СДСМ сака да направи влада без ДУИ. Според него, СДСМ се многу подобар партнер за ДПА во однос на албанските барања, отколку што е тоа ВМРО-ДПМНЕ, и би претпочитале коалиција со нив после изборите.
На прашање на водителот на емисијата „КликПлус“ да ја коментира изјавата на лидерот на ДУИ, Али Ахмети кој пред два дена во Сарај рече дека „ДУИ е големата мајка“, повикувајќи ги членовите на другите партии да се вратат кај големата мајка, Тачи рече дека Села, Гаши и Касами се „деца“ на ДУИ, затоа што тие го спасиле Ахмети во 2016 година кога му ги дале гласовите да формира влада.
Тачи повтори дека најверојатно неговата партија ќе оди сама на предвремените парламентарни избори во април 2020 година.