Косовскиот претседател Хашим Тачи го прими денеска на работна средба лидерот на Демократската партија на Албанците во Македонија Мендух Тачи, со кого разговарал за актуелните процеси во двете земји и во регионот.
По средбата, во објава на Фејсбук, косовскиот претседател порача дека „Албанците, каде и да се, треба да бидат обединети и посветени на секое решение во рамките на западните вредности.
– Поддршката за референдумот во Македонија и за дијалогот меѓу Косово и Србија е јасна определба за европската иднина на Албанците и на сите народи во нашиот регион – напиша Хашим Тачи по средбата со Мендух Тачи.