Претседателот на Косово, Хашим Тачи денеска на новинарско прашање од локалните медиуми рече дека пред неколку месеци и тој бил потенцијална мета на руските пранкери, но, како што вели, благодарение на владините служби, нивниот обид бил неуспешен.
– Не може да се разговара со некого без однапред да се знаат темите на разговор, колку ќе трае разговор и со кого точно ќе се зборува – рече Тачи изразувајќи благодарност до службите кошто навреме го откриле обидот.