Тачи: Поприфатлив ми е разговор со Заев, џабе Мицкоски ми праќа странски посредици

Секогаш сум директен, не изигрувам политички фолирант како моите политички опоненти кои велат дека за нас се прифатливи и овие и тие, вели лидерот на ДПА.

10512

Претседателот на Демократската партија на Албанците (ДПА) Мендух Тачи порача дека повеќе е подготвен за разговор со СДСМ отколку со ВМРО-ДПМНЕ. Неговата партија денеска во Тетово го завршува партиското организирање пред да почне кампања за изборите.

– Секогаш сум директен, не изигрувам политички фолирант како моите политички опоненти кои велат дека за нас се прифатливи и овие и тие. Многу е јасен политичкиот речник, пристапот на премиерот, отвореноста на премиерот да се разговара за многу тешки теми. Неговата заслуга за ова што го деблокиравме интеграцискиот процес води кон спремноста ние да разговараме и понатаму со СДС. Што се однесува до ВМРО-ДПМНЕ, мислам дека им претстои многу голема битка со внатрешниот катарзис. Ми беше чудно кога нивниот лидер не напаѓаше пред два-три дена дека јас сум рекол вака или така. Значи, моите изјави ги превртуваше. Јас сум многу транспарентен и ќе дојде време, многу бргу, ќе кажам во јавноста какви посредници меѓународни и околу нас праќа лидерот на ВМРО-ДПМНЕ за да имаме некаков контакт – рече Тачи.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...