Тачи на Фејсбук објави зошто не е на средбата во Охрид

Косово не сака да ја замени својата евроатлантска перспектива со ниту една регионална иницијатива, напиша Тачи.

1567

Косовскиот претседател Хашим Тачи на Фејсбук објави дека одбил да присуствува на самитот во Охрид, наведувајќи дека Косово не сака да ја замени својата евроатлантска перспектива со ниту една регионална иницијатива, јави Танјуг.

Тој наведе и дека Србија, на првиот самит на оваа нова регионална иницијатива, „намерно го занемарила Косово“.

Според Тачи,  оваа регионална иницијатива е „бесмислена “ сè додека Србија и Босна и Херцеговина не ја признаат независноста на Косово.

– Се залагаме за надминување на сегашните пречки преку дијалог и меѓусебно признавање. Само откако тоа ќе се случи, ќе станеме дел од ваквите регионални иницијативи како еднаква држава, напиша Тачи.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...