Се договориме на 12 април да имаме избори, изјави лидерот на ДПА, Мендух Тачи по лидерската средба што се одржа вечерва во вилата „Водно“ на иницијатива на претседателот Стево Пендаровски.
– Фер и демократски избори ѝ се потребни на Македонија – нагласи Тачи.
Тој нагласи дека на средбата лидерите ја разгледале ситуацијата за можноста за ратификување на Протоколот за наше членство во НАТО од страна на шпанскиот Парламент, по што се договориле на 12 април да имаме избори.
Фото: МИА
ИЗЈАВИ НА ДРУГИТЕ ЛИДЕРИ ПО СРЕДБАТА:
Заев: Одиме на избори на 12 април 2020 (ВИДЕО)
Села: Да не беше мојата потпретседателка, лидерската ќе беше собир на клуб на мажи
Касами: Одиме на избори народот да реши за понатамошниот пат на државата
Гаши: На 12 април ќе изгрее ново сонце особено кај Албанците