Лидерот на ДПА Мендух Тачи ја расчисти дилемата за настапот на предвремените парламентарни избори на 12 април. Тој денеска изјави дека на изборите ДПА ќе настапи сама и додаде дека неговата партија не претпочита предизборни коалиции. Тачи остави отворена можноста за постизборна коалиција со партија кој ќе ги исполни дваta предуслови – ДУИ да не биде дел од новата влада и тој да е вицепремиер.
– Во принцип, од самиот почеток решивме сами да одиме на избори. Излегов со два предуслови за разговори со идните партнери за постизборна коалиција. Првиот услов е разгледување на можноста ДУИ да не биде дел од новата влада и вториот услов што го бараме е сериозни разговои за функцијата вицепремиер којa треба да ја преземе ДПА, но не формалeн вицепремиер како што е сега, туку еден вицепремиер кој ќе биде директно поврзана со премиерот – изјави Тачи.