Тачи до Палмер: ДПА таксативно ќе ги поддржува уставните измени

636

Претседателот на Демократската Партија на Албанците, Мендух Тачи на средбата со  заменик-помошникот државен секретар, Метју Палмер разговарале за актуелната политичка ситуација, за имплементацијата на Преспанскиот договор, како и за реформскиот процес, соопшти ДПА.

– Претседателот Тачи на средбата истакна дека ДПА ќе продолжи таксативно да ги поддржува уставните измени кои произлегуваат од Преспанскиот договор, како и процесот на реформи за целосна интеграција на земјата во НАТО и во ЕУ.

На состанокот Палмер ја потврди целосната поддршка од САД за Преспанскиот договор и за агендата што ја води земјата до членството во НАТО и во ЕУ, стои во соопштението.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...