Тачи, Груевски и Змејковски најголеми забушанти во законодавниот дом

621
20130131 Thursday 1148 pratenicki prasanja i ladna (dzingovaca) vp sobranie

Претседателот на ДПА, Мендух Тачи има најмногу отсуства во Собранието, изминатите шест месеци, Тачи таму се појавил само еднаш. Има 77 отсуства, никогаш не зел збор на пленарна седница и во работните тела, не поставил ниту едно пратеничко прашање и не гласал за ниту еден закон, покажува извештајот „Мојот пратеник“, јави Алсат.

Исти податоци, но со помалку отсуства има и поранешниот премиер, Никола Груевски. Во актуелниот мандат како пратеник Груевски се појавил само еднаш во второто шестмесечје од 2017-та, има 68 отсуства, ниеден збор на пленарна седница и во работните тела, каде во едно од нив е и член, не поставил ниедно пратеничко прашање и не гласал ниеден закон.

Во групата на Груевски и Тачи влегува и пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Борис Змејковски. Во периодот јули-декември 2017-та во Собранието тој се појавил само два пати, има над 50 отсуства, ниеден збор на пленарна седница, ниедно пратеничко прашање и ниеден глас за некој закон или амандман.

Од пратеничките во овој парламентарен состав, на колегите најмногу им недостигале Мерале Узеири-Ферати од ДПА и Магдалена Манаскова од ВМРО-ДПМНЕ. Пратеничката Ферати за 6 месеци се појавила 27 пати во Собранието, но никогаш не побарала збор на пленарна седница, не гласала за ниеден закон и амандман и не поставила ниту едно пратеничко прашање.

Во меѓувреме, пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Магдалена Манаскова им недостигала на колегите околу 70 пати, не говорела никогаш на пленарна седница, не поставила ниедно пратеничко прашање. Манаскова и покрај тоа што е членка во две комисии има само едно учество, а податоците сведочат дека поднела 14 амандмани. Таа не оправдала 5 отсуства.

Наспроти пратеничката Манаскова и пратеничката Ферати, пратеничката на СДСМ, Фросина Ременска, ја држи штафетата како најактивна народна избраничка. Од пратениците, најзборлив е Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ, а по него е Томислав Тунтев од СДСМ, па Фадил Зендели од Движењето Беса и Артан Груби од ДУИ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...