Косовскиот претседател, Хашим Тачи, ја поздрави ратификацијата на Преспанскиот договор во грчкиот Парламент.
Тој ги пофали двајцата премиери Алексис Ципрас и Зоран Заев за покажаната „визија и храброст“.
– Ова е убава вест за целиот регион и силен напор кон затворање на сите отворени прашања меѓу државите на Балканот, посочи Тачи.