Во Кавадарци вечерва се реализира презентација на вооружување, опрема и возила од армијата на РСМ и на СА, кои учествуваат на вежбата #DecisiveStrike . На оваа презентација се приклучи и ТППЕ на Општина Кавадарци со своите возила и опрема. Презентацијата е збогатена со аниматори за деца, жонглери, уличен баскет,музика и дружење. Целта на оваа презентација е сите граѓани одблизу да се запознаат со вооружувањето и опремата на двете армии.
– На задоволство на општина Кавадарци и на граѓаните заедно, со НАТО и со американската војска, нормално со армијата на нашата држава, се договоривме денес да направат презентација на опрема која е стационирана во базата Криволак. Ова е добар начин и цивилното население да се запознае со самата воена опрема и да се биде блиску до народот. Сите впечатоци кои нашите посетители ги оставаат се одлични, затоа што се наидува на насмеани и топли ликови и ликови кои си ја сакаат својата држава и армијата како важен дел од државата – рече градоначалникот Митко Јанчев.
Задоволство од тоа како беа пречекани, со насмевки од сите страни, изрази и Давид Полингер, од Хановер. Рече дека ова е негова прва посета овде и дека првпат излегува од неговата база од Америка и да ја посети нашата држава. Нагласи дека е презадоволен и покрај тоа што деновиве е малку повеќе жешко.