Таткото на пејачката Бијонсе, Метју Ноулс (67), соопшти дека заболел од рак на гради, болест што погодува само еден отсто од мажите. Веста за болеста Ноулс ја објавил во ексклузивното интервју кој во целост ќе биде објавено в среда во Америка.
Бијонсе и нејзината сестра Соланж Ноулс се подложиле на тестирање на мутираниот ген БРСА2 откако нивниот татко ги информирал дека му е дијагностициран карцином на гради, пишува „Дејли мејл“.
– Првиот повик беше до моето семејство, затоа што ова е генетски – тоа значи дека моите деца имаат поголема шанса, поголем ризик, дури и моите внуци имаат поголем ризик, и тие се справија со тоа како што треба – отидоа и се тестираа – рекол Ноулс. Тој не ги открил резултатите од тестирањето на Бијонсе и Соланж. Исто така, Ноулс открил дека нивното семејство има историја на болеста – рак на дојка.
Ноулс изјавил дека ракот на дојка е распространет во неговото семејство.
– Сестрата на мајка ми почина од карцином на дојка, двете ќерки на мојата тетка починаа од карцином на дојка, а мојата снаа почина во март од рак на дојка (мајка на три деца). И мојата тешта имаше карцином на дојка. Така што ракот на дојка беше насекаде околу мене. И мајката на мојата сопруга исто така има рак на дојка – рекол тој.
Денеска беше објавен трејлерот за интервјуто кое се поклопува со првиот ден од месецот за свеста за ракот на дојка.
Метју Ноулс е најпознат по тоа што ги формираше „Дестини чајлд“, бенд кој од неговата постара ќерка направи ѕвезда.
Извесен период беше менаџер и на Бијонсе, но таа соработка бргу се прекина.
Метју Ноулс по триесет години брак во 2011 година се разведе од мајка ѝ на Бијонсе, Тина, која често ја изневерувал, па иако бил во брак добил две вонбрачни деца, – ќерката Клои и синот Никсон. Истата година кога се разведе Бијонсе го тужеше за проневера на пари, но овој случај никогаш не доби судска завршница.
ФОТО: Инстаграм/Принтскрин