Татко физички нападнал 12-годишен соученик на неговиот син, вчера во Скопје, соопшти МВР.
Како што соопшти полицијата, вчера во СВР Скопје, Т.Р.(41) од Скопје пријавила дека околу 11.30 часот во училиште на булеварот АСНОМ во Скопје нејзиниот 12-годишен син бил физички нападнат од татко на негов соученик од Скопје.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.